Во држава која страда од епидемија на злоупотреба на дроги, новиот центар за рехабилитација од дроги, во кој не се користат лекарства и дроги, влева надеж.

Прекрасно реновираниот центар кој се состои од четири објекти во живописната околина на Источен Сасекс во близина на Мејнардс Грин е новиот дом на Нарконон во Обединетото Кралство, кој започна со работа на 5-ти септември, со цел да ја им ја испорачува единствената и докажано ефикасната програма без употреба на лекарства или дроги на оние кои имаат проблеми со зависноста од дрога и алкохол.

Лентата беше пресечена, означувајќи го почетокот на новата ера на рехабилитација од дроги без употреба на лекарства или дроги во Обединетото Кралство

Стотици поддржувачи се придружија на прославата кога беше пресечена панделката, со што се означи почетокот на една нова ера. Прекрасниот нов центар претставува совршена средина за испорака на реномираната програма за рехабилитација од дроги на Нарконон.

Претседателката на Меѓународното здружение за подобар живот и едукација, ABLE, беше присутна на настанот и го водеше отворањето. Во нејзиното обраќање пред насобраните, таа истакна дека: „Стотици милиони животи се погодени од зависност и користење на забранети дроги, а премногу од нив завршуваат прерано. Заедно можеме да го поништиме злото на зависноста и да направиме Обединетото Кралство да биде познато ширум светот како предводник на едно општество без дроги“.

Заедно со отворањето на новиот центар, дојде и најавата за нови аудиовизуелни материјали - 23 филмови за упатување на 29 дијалекти и јазици, со кои се овозможува секој да ја разбере програмата без разлика на нивното ниво на писменост.

Изборот на моментот за отворање на Нарконон Обединето Кралство е сосема случаен, и истиот се отвора во време кога чумата на зависност од наркотици има достигнато епидемиски размери ширум Обединетото Кралство. Проценето е дека повеќе од 3 милиони луѓе земаат забранети дроги само во Англија, од кои приближно 40% од корисниците припаѓаат на високите слоеви од британското општество. За повеќе од еден милион корисници е утврдено дека се хронични корисници.

„Програмата на Нарконон е сеопфатна и истата ги покрива сите аспекти кои се потребни за да ѝ се помогне на една личност повторно да застане на свои нозе и да ги научи алатките кои ѝ се потребни за да продолжи цврсто да стои на свои нозе и да успее,“ рече градоначалникот на Источен Гринстед, г-дин Дик Светман, во неговото обраќање на отворањето на Нарконон. „Ова не е само центар за рехабилитација од дроги кој испорачува високо успешна програма, туку е и центар за обука кој ќе регрутира специјалисти на Нарконон кои ќе се справат со овој проблем со дроги“.

Овој ентузијазам беше видлив кај сите оние кои имаа привилегија да присуствуваат на отворањето на центарот, но кај никој повеќе отколку кај г-ѓа Дајана Коуд од Националниот совет за превенција од дроги. Таа ги пофали неспоредливите достигнувања на Нарконон во борбата со зависноста - постојано успевајќи онаму каде што другите не успеваат.

„Можам навистина да кажам дека нема поголема стапка на успешност од онаа на Нарконон,“ истакна г-ѓа Коуд. „Имам видено толку многу луѓе како ги напуштаат програмите за рехабилитација од алкохол и дроги и, како низ ротирачка врата, повторно се враќаат на нивниот стар живот на злоупотреба на дроги. Но, најголемиот дел од дипломците на Нарконон продолжуваат да живеат стабилни, етични, продуктивни животи без дрога, година по година“.

Истакнувајќи дека програмата на Нарконон е заснована на откритијата и делата на Л. Рон Хабард, г-ѓа Коуд рече: „Би сакала да имав шанса да го запознаам г-дин Хабард, бидејќи тој очигледно бил брилијантен и фасцинантен човек, визионер, лидер и пионер - и успехот на оваа програма е резултат на неговите откритија“.

И д-р Басант К. Пури, професор по медицина при болницата Хамерсмит и Империјалниот колеџ во Лондон, го поздрави Нарконон за неговиот пристап кон рехабилитацијата од зависност во која не се вклучени никакви лекарства или дроги.

„Преку моето искуство и моето сопствено истражување се покажа дека ... давањето на заменски дроги, па дури и дополнителни дроги на еден зависник единствено предизвикува само поголема зависност и повеќе страдање“.

Речиси 50 години, Нарконон ги спасува животите на безброј поединци за кои се сметало дека се безнадежни зависници од дрога и алкохол. Мисијата на Нарконон е да обезбеди ефикасен начин за рехабилитирање од зависноста од дрога и насекаде низ светот да им помогне на општествата да се ослободат од злото на злоупотреба на истата.

__________

За повеќе информации за програмата на Нарконон јавете се на +44 1435 512 460.