„Научив кој сум“

Работев околу 4—5 работи со пола работно време и сакав да приспособам сè за да заработам доволно пари за да се издржувам, во зависничкиот живот во кој што западнав. Мајка ми умре од рак, го загубив и најдобариот другар во сообраќајка. Незнаев како да се справам со толку многу загуби низ кои минував.

Почнав да каснам на работа, и станав мрзоволен. Сите пари кои ги штедев за нешта по дома, храна и друго, сето тоа одеше за дрога. И пред да се свестам не можев да прекинам. Почнав да пропаѓам. Се обидов веќе да не ја користам и само се разболував, настинував, чувствував како грбот да ми е скршен, како да умирав. Едноставно, веќе неможев да запрам и му кажав на татко ми и барав помош.

Кога слушнавме за Нарконон, слушнавме дека е по практичен од групна терапија, дава животни вештини и способност за да се изгради карактер и те подготвува во оние области каде што јас бев слаб. За да не згрешам повторно.

Вработените им помагаа на студентите кои минуваа низ чекорите. Тие ми помогнаа да излезам од оклопот во кој живеев. Кога завршив со сауна се чувствував супер. Помлад. Не се чувствував загадено, ниту гроги. Се чувствував енергично. Повторно го чувствував своето тело. Пак бев стариот Јас.

Најголемата придобивка, од програмата е дека научив кој сум и дека не треба да се кријам. Не морав да користам дрога за да се чувствувам удобно. Не морав да користам дрога за да се вклопам. Јас сум своја личност и научив кој сум Јас, и нема поголем подарок кој би го добил, од тоа да научиш кој си и да си задоволен со себеси.

Повеќе спотови