Знаци и симптоми на користење дрога

Постојат многу знаци, како физички, така и во однесувањето, кои укажуваат дека едно лице користи дрога. Секој вид на дрога има свои карактеристични манифестации, но сепак постојат некои општи показатели дека едно лице зема дрога:

  • Ненадејна промена во однесувањето
  • Промени во расположението; раздразливост и нервоза, а потоа ненадејна среќа и развеселеност
  • Оддалечување од членовите на семејството
  • Небрежност за личната хигиена
  • Незаинтересираност за хоби, спорт и други омилени активности
  • Променета рутина во спиењето; будност во текот на ноќта и спиење во текот на денот
  • Крвави очи или појава на таканаречен „изгубен поглед“ или „гледање во празно“
  • Шмркање или течење на носот

Во продолжение се дадени последиците кои се јавуваат како резултат на честото користење на дрога и знаците и симптомите на употребата на конкретни видови на дрога:

Последици од користењето на метамфетамини

Нервоза или возбуда: несоница која континуирано трае со денови или недели, целосно губење на апетитот, драстично губење на тежината, проширени зеници, возбуда, разговорливост, нереално чувство на моќ, параноја, депресија, губење на контрола, раздразливост, невообичаено потење, тресење, страв, халуцинации, агресивност, насилство, вртоглавици, промени во расположението, заматен вид, ментална конфузија, вознемиреност.

Последици од користењето на екстази

Промени на ниво на психичката и физичката реакција, искривена перцепција на звук, светлина, допир. Зголемување на физичката енергија, кое е придружено со намален апетит и зголемена телесна температура. Засилени емоционални и сетилни реакции. Стегање на забите, грчеви во мускулите, гадење, треска и потење. Телото може да се прегрее, што може да доведе до смрт.

Последици од користењето на кокаин

Нарушување на когнитивните способности, страв, депресија, избувливост, напади на паника, сомничавост, проширени зеници, несоница, губење на апетитот, намалено либидо, неспокојство, раздразливост, зголемена разговорливост, чешање, халуцинации, параноја.

Последици од користењето на ЛСД

Проширени зеници, промена на бојата на кожата, нарушена координација, нереално чувство на моќ, еуфорија, искривена перцепција за време и простор, халуцинации, конфузија, параноја, гадење, повраќање, губење на контрола, страв, паника, беспомошност и самоуништувачко однесување.

Последици од користењето на фенциклидин (ангелски прав)

Појава на насилно или бизарно однесување (честопати се случуваат самоубиства), параноја, страв, нетрпеливост, агресивност, повлеченост, црвенила на кожата, потење, вртоглавица, потполна вкочанетост и нарушена перцепција.

Последици од користењето на инхаланти

Краткорочна употреба: еуфорија, кикотење, лудо и глупаво однесување, вртоглавица проследена со главоболки и несвестица или губење на свеста. Долгорочна употреба: губење на меморијата, емоционална нестабилност, нарушување на способноста за размислување, нејасен говор, несмасен од и тетеравење, треперење на очните капаци, неконтролирано тресење на делови од телото, губење на слухот, губење на чувството за мирис и прогресивна атрофија на мозокот. Понекогаш овие сериозни последици од долгорочна употреба можат да се отстранат преку детоксикација на телото и нутритивна терапија; понекогаш оштетувањето на мозокот е неповратен процес или само делумно реверзибилен.

Последици од користењето на хероин

Хемиски поттикната еуфорија, полусвесна состојба која наликува на сон во која лицето може континуирано да остане со минути или часови. Кај лицата кои долго време користат хероин, оваа супстанца може да дејствува како стимуланс, па така тие можат да ги извршуваат своите нормални дневни активности. Други пак корисници може да се чувствуваат сосема немоќни да извршат било каква активност.

Последици од користењето на марихуана

Компулсивно јадење, крвави очи и страбизам (лицето може да има потешкотии да ги држи очите отворени), сува уста, прекумерно и неконтролирано смеење, заборавеност, губење на краткорочната меморија, прекумерна летаргија, потешкотии во моториката, повремена параноја, халуцинации, мрзеливост, немотивираност, глупаво однесување, непријатен сладок мирис на телото, косата и облеката и засилени промени во расположението и однесувањето кога лицето е „надувано“.

Последици од користењето на средства за смирување и хипнотички лекарства

Намалена инхибиција, забавена координација на моторичките способности, летаргија, млитави мускули, тетеравење во одењето, лошо расудување, забавени или несигурни рефлекси, дезориентираност, неразбирлив говор.


Ако Ви е потреба дополнителна помош во утврдувањето дали едно лице користи дрога, стапете во контакт со еден од советниците за рехабилитација од дрога при центарот на Нарконон кој се наоѓа во ваша близина. Тие можат да ви помогнат.

 ®
Ослободете се од дрогата. Еднаш засекогаш.
Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА